За време на корона-деновите, од официјалната Инстаграм страница на Палатата Кенсингтон, беше споделена фотографија од војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, како седи во нејзината канцелари и зборува на телефон. Но вниманието го преивлече уредно организираниот работен простор, особено тоа што на нејзината работна маса имаше серија на книги, легендарни класици од издавачката куќа „Пингвин“.
Кои книги се на масата? Кои книги ги чита Кејт за време на изолацијата. Еве го списокот.
„Тес Дурбервилова“ од Томас Харли
Како војвотката, и ние веруваме дека „Тес Дурбервилова“ е задолжително четиво на списокот на билокој библиоман. Само пред да седнете да читате, проверете дали имате марамче или салфетка при рака.
„Тагувањето на заљубената“ од Шекспир
Се вели дека неговите најголеми претстави, вклучувајќи го и Кралот Лир, Шекспир ги напишал додека бил во карантин поради чумата. Дали војвотката слушнала за тоа или не, не знаеме, но на нејзината маса гледаме том сонети на големиот англиски драмски писател.
„Размум и чувства“ од Џејн Остин
Има ли нешто посмирувачко од романите на Остин? Кејт има три од нив на нејзината маса: „Разум и чувства“, како и помалку познатите, но не помалку убави „Паркот Мансфилд“ и „Нортангерската Опатија“.
„Мидлмарч“ од Џорџ Елиот
Кога го читате „Мидлмарч“ треба целосно да му се посветите и да заборавите на сите други обврски. Но, вреди.
„Баскервилско куче“ од Артур Конан Дојл
„Г-дин Холмс, видов стапалки на гигантско куче“ – ништо не го одвлекува вниманието од реалниот живот колку што е детективска приказна полна со мистерии. На бирото на војвотката е третата приказна на Шерлок Холмс, во која тој и др.Вотсон се обидуваат да ја решат загатката за едно многу необично убиство.
„Оркански височини“ од Емили Бронте
Станува збор за најголемата љубовна приказна која нема да остави никого рамнодушен. Иако на почетокот романот добил мешани критики и бил често осудуван за описите на неморалната страст, книгата станала англиска литературна класика.
„Мрачен дом“ од Чарлс Дикенс
Едно од најголемите дела на Дикенс, кое раскажува за бескрајната правна битка.
„Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд
Единствениот објавен роман на големиот Оскар Вајлд. Во едно писмо самиот Вајлд вели дека главните ликови се одраз на него самиот: „Базил Холвард е она што мислам дека сум: лорд Хенри е она за што ме смета светот: Доријан е она што би сакал да сум, во некои други времиња, можеби“.