Што да јадете за побргу да фатите бронзен тен под сонцето

Исхраната игра фундаментална улога во подготовката на кожата за сонцето. Всушност, не се само кремите оние кои му помагаат на нашето тело да добие совршен тен на плажа, туку и изборот на соодветна храна е клучен аспект за брзо добивање „боја“. Па, што треба да јадеме во текот на летниот одмор за побрзо да добиеме исончан тен?

Некои видови на храна значително повеќе го стимулираат мелатонинот и ни овозможуваат да забрзано да добиеме исончан тен. Исхраната богата со овошје и зеленчук е всушност првиот чекор за да се подготвиме за изложување на сонце. Храната богата со витамин Ц (портокали, киви, црвено овошје), бета-каротин (моркови, кајсии, диња и лубеница) и витамин Е (присутен во маслиновото масло и оревите) се меѓу најдобрите избори за постигнување и одржување на бронзен тен. Клучен е и зеленчукот, како брокулата, зелката, карфиолот, кои содржат селен, а со тоа играат важна улога во забрзаното потемнување на кожата под сонце.

За вистински да ја подготвите кожата за плажа, добро е ако овие намирници почнете да ги конзумирате во поголеми дози уште пред да заминете на годишен одмор и да продолжите за време на целиот период на годишен одмор.

Еве ја листата на храна која забрзано го стимулира потемнувањето:

  1. Морков
  2. Лубеница
  3. Кајсии
  4. Црвени пиперки
  5. Сладок компир
  6. Зелка
  7. Зелен чај
  8. Бадеми, лешници и ореви
  9. Тиква
  10. Краставици
  11. Маслиново масло
  12. Боранија
  13. Цреши
  14. Праски
  15. Домати
  16. Јагоди
  17. Лосос
  18. Киви
  19. Портокал, мандарина
  20. Диња
  21. Карфиол
  22. Брокула
  23. Пченкарно масло
  24. Малини
  25. Спанаќ

x

Check Also

Нов парфем од Жан Пол Готје, ќе го обожувате!

Преубавата Дафне Груенвелд е лице во рекламната кампања на новиот парфем од ...