Идеален појадок за оние кои се на диета

Што да се јаде за трајно да се загубат килограмите

 „Скокате“ од диета на диета, некои се повеќе успешни, а други без значителни резултати, сепак килограмите повторно и брзо се враќаат. Како треба да изгледа едно идеално диетно мени за да ги загубите килограмите и без тие да се вратат.

ПОЈАДОК

Житарките кои не сдоржат многу шеќер и млеко со помал процент на маснотии се најдобра комбинација за појадок – влакна, витамини, минерали и малку калории. Со ваков оброк добивате и калциум, калиум и витамин Б. Ако на ваквиот појадок додадете и свежо овошје или „лајт“ јогурт ќе добиете совршен оброк. Испијте и половина чаша чист овошен сок или здраво смути.

РУЧЕК

Ручекот треба да биде идеален извор на протеини, но со малку заситени масти. Затоа одберете туна, мисиркино месо или бело пилешко месо, кикиритки и бадемов путер. Зрнест леб е дозволен, тој помага да се чувствувате сити. Додадете сезонски зеленчук пропржен  на маслиново масло. Добро е со ручекот да пиете по 1 шолја немасно млеко наместо газиран сок. Свеж сок од грејпфрут или вода со цеден лимон се препорачливи за оние кои сакаат да изгубат килограми.

УЖИНА

Одберете за ужина протеини или растителни влакна. На пример, шака бадеми, индијски ореви или семки од тиква, одлични се и сувите брусници или сувото грозје. Исечкајте го овошјето или зеленчукот на тенки кришки и натопете го во нискокалоричен јогурт. Направете си сендвич од лесна моцарела, домат и лист од зелена салата.

ВЕЧЕРА

За вечера истотака може да јадете месо, но во помали количини. Земете предвид дека риба треба да јадете најмалку два пати неделно. За вечера може да изедете и малку грав или кафен ориз. Секако, зеленчукот е секогаш добредојден – без разлика дали е варен или печен во рерна. За десерт – свежо овошје без додатоци.

 

x

Check Also

Диета со зелка – совршена за топење на мастите во студените денови

Како да се ослободите од вишокот килограми во текот на есента и ...