Што е најважно во зрелите години на една жена?

Швајцарскиот бренд “Revalid®” лансираше два производи кои го забавуваат процесот на стареење на косата и скалпот, а тоа е она што е многу важно за жените во зрели години бидејќи токму негуваната коса е најпосакуваното парче “накит”.

Во кампањата „Ѕвездата е родена“ се вклучија Елена Стојановска Јанковска, познатата водителка на утринско шоу и Љубица Ангелкова, новинарка и ПР консултант, две жени кои се активни во нивните кариери и посветуваат грижа за себе, особено косата да им изгледа здраво и негувано. Тие погледнаа одблиску и ја открија иновацијата против стареење и тенка коса на “Revalid®” преку новите производи.

– Мојот ден започнува од 5 наутро и секогаш е исполнет со активности и предизвици. За мене е важно да изгледам убаво, особено косата. Од кога знам за себе мојата коса е долга, не ја менувам фризурата и бојата, ја одржувам и се трудам да биде здрава.  На жените косата им е Ахилова пета, па за мојата коса открив вистинска иновативна формула – систем составен од Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид. Овој систем го забавува процесот на стареење на косата и скалпот, го спречува побелувањето на косата и и дава повеќе јачина, густина и волумен, вели Елена.

Revalid® Anti-Aging шампонот и Anti-Aging флуидот содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata , растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM молекулата е инспирирана од одбранбените својства на растението за да ги заштити фоликулите на косата и скалпот и да го забави процесот на стареење. Дополнително, Revalid® Anti-Aging шампонот и Anti-Aging флуидот содржат и екстракт од Еделвајс од Швајцарските Алпи. Убавината и реткоста на цветот од Еделвајс го направија цветот симбол за чиста и балансирана природа, но и експерт во самозаштита. Еделвајс има силна антиоксидативна моќ како чистач на слободни радикали, заштитувачка моќ врз ДНК и помага при одржување ма природниот баланс и намалување на осетливоста на кожата.   Ефектите како антиоксидантен, антивоспалителен, против-избелувачки ефект како и способноста за одржување на својствата за раст и стимулирање на обнова се докажани во бројни in vitro и in vivo студии.

– Постојано сум активна со професијата, а и во слободното време, но здравата и негувана коса за мене е самодоверба која инспирира. Важно е да се грижам за себе правилно, а новата иновативна формула на Revalid® веќе стана дел од мојата секојдневна рутина. Во една студија, 80 проценти од испитаниците ја опишуваат својата коса како посилна и погуста по секојдневна употреба на DN-AgeTM на скалпот. Тој ефект го забележувам и јас кај мене после употреба на двата производи на Revalid® Anti-Aging линијата за коса, додава Љубица.

 

x

Check Also

Оригинални идеи за подарок по повод Денот на вљубените

Доколку сте личност која има навика да ги одложува обврските, особина која ...