Што говори вашиот омилен моден додаток за вас?

Каква порака на околината остава на пример, вашата големата чанта или слушалките на уши?

md133 

Ако секогаш носите : огромна чанта

Можеби вашите пријатели веќе се подбиваат со вас поради вашите огромни чанти , но тоа не треба да ве загрижува. Зошто? Затоа што вие сте секогаш во движење и подготвени за акција. Ги поминувате работните денови надвор од дома, а практичната личност како вас секогаш треба да биде подготвена за сите обврски.

Понекогаш оние кои носат големи чанти страдаат од болки во грбот. Изгледаат како да носат пакет на енциклопедии во торбата. Знаеме дека не е така, сепак колку и да е практична големата чанта примамува да го понесете вво неа се она што би ве направило посигурни на излегувањето. И фен за коса може, на пример?

Ако секогаш носите : обетки со порака

Никој не се плаши да се справи со драма. Обетките кои го одвлекуваат вниманието се додаток за жена која не се плаши  смело да го покаже својот личен став.  А  веројатно се цени тоа.

md76 

Ако секогаш носите : мачкасти очила за сонце

Можеби романтично размислувате за минатото од кое и воопшто не сте биле дел и многу сте сентиментални. Ви се допаѓа тој ретро стил и едноставно не можете без него. Во рекол ли некој некогаш –  Да живее женственоста!

Ако секогаш носите : слушалки на уши

Сакате  вашиот живот да има музичка- филмска основа, нели? Супер. Вие не само што ја сакате музиката, туку таа ви е потребна за да го „преживеете“ денот. Слично на тоа, ве опкружува уметноста, книгите и филмовите кои ве инспирираат. Кој неодамна ви рекол дека е вљубен во вашата креативност и цврсти верувања?

 md516161

Ако секогаш носите : нежно наредени ланчиња

Ако ви се допаѓаат тенки ланчиња кои доброволно ги носите (во големи количини) околу вратот, веројатно ги следите најновите случувања во светот на модата. Знаете дека непогрешливиот стил лежи во најмалите детали, и не чувствувате дека  мора да го покажете  најновиот хит на пазарот за да докажете дека сте средени и „дотерани”. Вие сте елегантни и шик, но како би го признале тоа јавно ако не преку овој моден додаток.

Ако секогаш носите : невообичаена маска за смартфон

Ексцентрични сте и не се плашите ако некој ве нарече „ненормална”. Марширате со свое темпо и на тој начин се изразувате пред сите без ограничувања. Ја избиратеоблеката, мебелот, додатоците и шминката врз основа на тоа –  од што ќе ви зачука срцето, дури и ако другите околу вас останат зачудени. Всушност, кој не би сакал дополнителен пар уши на мобилниот телефон?

Ако секогаш носите : Реј -бан очила за сонце

Вашето мото е дека она што не е скршено нема потреба од поправка. Вие во целост се држите до класиката и тоа е се гледа на вашето лице, но и во гардеробата.  Традицијата дефинитивно не е здодевна кога вие ќе ја облете на  себе.

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...