Што и подари Меланија Трамп на Мишел Обама?

„Мистеријата“ не е разрешена.

Американските твитерџии деновиве „тераа мајтап“ погодувајќи што имало во големата кутија која и ја подари новата прва дама Меланија Трамп на поранешната прва дама Мишел Обама, но се мајтапеа и на темата дека Мишел не била многу воодушевена од подарокот. „Изгледа дека во кутијата има 10-на нотеси и 10-на пенкала“, пишуваа твитерџиите.

Подарокот спакуван во сино кутивче со сигурност е од „Тифани“. Но од „Тифани“ известуваат дека не можат да откријат што има внатре, поради лојалноста кон клиентите.

Во времето кога Мишел Обама стануваше прва дама на САД, таа и подари на претходната, Лаура Буш, мало кутивче во кое имаше нотес со пенкало. И немаше тајни околу тоа. Да се потсетиме на тој момент.

 

 

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Максима од Холандија во црвена модна комбинација од глава до пети

49-годишната кралица присуствуваше на настан во Утрехт облечена во тотален изглед во ...