Што јадат ангелите на Викторија сикрет за топ форма

Можете да претпоставите, станува збор за екстремни диети кои се применуваат пред секој настап и фотосесија.

Неодамна Адријана Лима откри детаљи од екстремната диета со која губи набрзина повеќе килограми пред големото шоу на Викторија сикрет. Со три до четири часа вежбање дневно, убавицата држи диета од 10 дена и при тоа пие само протеински шејкови, а вечерта пред настапот се одрекува и од вода.

Блогерката Кендис Ловри и нејзината колешка Мишел Каври ги проучиле советите од нутриционистите и решиле да живеат како супермодели. Комбинирале нешто поблага верзија од диетата на ангелите на Викторија сикрет, односно два дена го следеле регуларното мени на моделите, со обилен појадок, пилешко и риба за ручек и зеленчук за вечера, а потоа два дена пиеле само протеински шејкови.

Еден работен ден бил потребен за блогерките да заклучат како регуларната диета е издржлива, иако не допушта меѓуоброци и слатки, но да се биде на шејкови цел ден – не било издржливо. Се чувствувале слабо, уморно, нерасположено и имале проблем со спиењето.

Кога на овој факт ќе се додаде и секојдневно конузмирање на едни те исти намирници, и уште неколку часа вежбање во теретана, бокс или трчање, се поставува прашањето како ангелите воопшто имаат сила да ги носат тешките крилја.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...