Што мисли Кејтлин Џенер за својот ESPY бел фустан

Кејтлин Џенер ја прими наградата за храброст ESPY облечена во бел Версаче фустан.

k 2

На својот блог Кејтлин Џенер напиша за белиот фустан Версаче што го носеше на доделувањето на наградите ESPY, признавајќи дека била оптоварена што да облече, но исто така и дека нејзиниот моден избор не бил многу комфорен.

Џенер го оживеа стариот холивудски гламур на сцената со фустанот Версаче, но за фустанот се одлучила после цел месец размислување што да облече за настанот. По разговорот со Донатела, одлуката паднала таа да и ја направи креацијата. И не згрешила, бидејќи била многу задоволна од резултатот.

„Да се изгледа гламурно на ESPY беше голем процес кој требаше да се помине, но имаше во тоа и многу забава. Сакав да се чувствувам многу комотно во фустанот, но под него имаше корсет па не можам да кажам дека беше комфорен за носење.“

Инаку, Џенер доби и признание од модната библија Вог за изборот на овој фустан.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...