На насловната страница на мартовското издание на модното списание „Алур“, Џенифер Лопез се појави во сосема неочекувано издание – со куса коса.
Станува збор за кратка пикси фризура која е всушност и популарна за сезоната која следува пролет/лето 2020. И – да признаеме – одлично ѝ стои. Но голем дел од фановите не би се согласиле со нас, судејќи според коментарите под постираната фотографија на социјалните мрежи.
Стилистост Крис Аплтон е „виновникот“ за оваа драстична промена на имиџот на Лопез.
Одлична промена, особено ако се земе предвид дека оваа фризура е , вусшност, само привремена.