Што НЕ ТРЕБА да јадете после тренинг ако сакате да ослабнете

За да ги почувствувате најдобро резултатите после тренингот, треба да внимавате и на исхраната, а особено на намирниците кои не треба да ги конзумирате два до три часа после вежбање.

Можеби ќе се зачудите, но највисоко на листата на намирници кои НЕ треба да ги конзумирате после тренинг е – зеленчукот. Зеленчукот кој е добредојден во секоја диета, сосема избегнете го неколку часа после вежбање. Оваа храна со минимални калории едноставно не е доволно хранлива за да ви ја обнови енергијата и да воспостави здрав ритам на метаболизмот.

Втора на листата на забранети намирници после тренинг е брзата храна која изобилува со масти. Значи заборавете на хот-догот, хамбургерите, пржените компирчиња кои вашиот вложен напор во вежбање ќе го претворат во залуден. Сите тие маснотии го забавуваат метаболизмот, што е спортивно од она што сте го постигнале со потење.

Пицата е уште една од низата на забранета храна после тренинг.

Никако не посегнувајте по солените грицки…Ниту по индустриските сокови. Соковите се особено контрапродуктивни за сите кои со вежбањето сакаат да загубат и килограми.

Прескокнете ја млечната чоколада!

Млечната чоколада е полна со шеќер и калории, а не нуди ништо од она што ви е потребно за да ги наполните батериите после тренинг.

Тогаш како треба да изгледа вашето мени после тренинг?

Еве ги петте топ комбинации за супер ефект после вежбање.

Парче интегрален леб намачкано со путер од кикиритки, со банана и јаболка.

Јајца со цеден природен сок од портокал.

Зрнесто овошје со јогурт.

Немасно сирење со интегрални крекери.

Полна шака бадеми, кикиртики и лешници.

x

Check Also

Скротете го сонцето и уживајте безгрижно во сопствената кожа

Пристигна летниот одмор! По долгите денови поминати на работа, училиште, конечно денови ...