Што ни носи GUESS за постудените денови – есен 2017

За потребите на својата есенска кампања, американската популарна модна марка GUESS ја ангажираше прочуената авторка и музичарка Камила Кабело која позира заедно со Алекс Делисол.

GUESS Jeans кампањата е снимена во Калифорнија, а новите модни парчиња дишат во препознатливиот стил на оваа марка. Кампањата е замислена да ги следи задоволствата на вљубениот пар кои ја отсликуваат традицијата на GUESS преку маички од ерата на логоманијата на 90-те години и предимензионираните тексас јакни.

„Отсекогаш сум ја сакала естетиката на GUESS и не ни сонував дека толку ќе бидам среќничка што ќе станам дел од нивната кампања“, објаснува убавицата.

Не го пропуштајте видеото.

x

Check Also

Овој петок концерт на Лозано во Скопје Сити Мол!

Skopje City Mall со задоволство го најави нивниот следен концерт, а тоа ...