Што ни носи PARFOIS за пролет/лето 2015

Во колекцијата пролет/лето 2015 истакнато е присуството на етно елементите кои се застапени во носечките трендови поради кои брендот го одбра Мароко како совршена локација за фотографирање на кампањата за сезонава. Жената прикажана во каталогот на Parfois e решителна и храбра, таа е патувач – и физички и во своите соништа, спојува парчиња од повеќе култури во своето постоење.

katparfois15

Во оваа женствена и модерна колекција Parfois користи материјали како змиска кожа и рачно изработени детали во комбинација со етно мотиви, па разултатот е разновидна линија, богата со детали и дезени, која естетски нè води во пределите на Мароко, Турција, Мексико, Индија и Балканот. Оттука произлегуваат и водечките трендови кои Parfois ги предлага за сезонава: Boho DreamFuture Tribal, Marrakech и Powder Power.

Најистакнатата тема Boho Dream се истакнува како најеклектична од четирите. Оваа хипи инспирација се темели на принтови, дезени и форми за жените кои ги сакаат храбрите комбинации. Рустичен јазик на визуелно изразување комбиниран со рачно изработени материјали со впечатливи детали. Палетата на бои е свежа и инспирирана од летото, а вклучува појаки кои како портокалова, бургундско црвена, сина и жолта, како и црна, бела и бежова.

Future Tribal трендот е комбинација на спортски-шик, каде комбинацијата од реси, перфорирани детали и принтови му дава елеганција на спортскиот изглед присутен и на модните писти во оваа форма. Техниките на плетење и материјали како најлон и кожа се комбинираат со основни бои со геометриски дезени. Најсофистицираната страна од колекцијата пролет/лето 2015 доаѓа токму од овој тренд, со истакнатата употреба на модерни и богати материјали.

Слобода и смиреност се одличен опис за чувството кое го пренесува линијата Marrakech, свежа и лесна тема, идеална за жените со лежерен, но софистициран имиџ. Природните материјали како дрво, јута и камен се фокус на овој тренд, зачинети со природните нијанси и бои како кафена, црвена, беж и корална.

parfois-springtime-1

Пастелните бои добиваат сосема нова интерпретација со темата Powder Power, каде палетата на бои го задржува етно чувството преку употреба на превртена и обична кожа и ситни детали како ласерското сечење и перфорирањето. Идеална секојдневна колекција за модерните, женствени дами.

parfois-pastel-colors-1

Превземете го целиот каталог во pdf формат тука.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...