Што ни носи пролетната колекција на Marella

Ванеса Муди е главно лице во кампањата на модната марка Marella за колекцијата пролет/лето 2019. 

Кампањата е снимена во Рим, Италија, а пред објективот на Ема Темпест позира Муди во новите модни парчиња дизајнирани за потоплите денови од годината.Во новата колкеција доминират колоритните принтови, а акцентот е на портокаловата нијанса и тонови на праска. Од миди фустани до елегантни комбинезони и костуми со кратки панталони, погледнете што ни носи Марела за пролет/лето 2019. 

x

Check Also

Листа на желби: Дуксер со точки од новата колекција на Super Dry

Новата колекција на Super Dry за есенската сезона е достапна во продажба (во ...