Што ни носи Women’secret за есен/зима 2014

Удобни и ултра женствени парчиња направени од природни материјали се она што ја означува новата колекција на шпанскиот бренд women’secret.

WS DAY 1-F04-0713

Моделите се надополнети со неочекувани бои и детали кои му противречат на минимализмот и го збогатуваат изгледот на колекцијата.

WS DAY 3-F37-0548

Сензуалноста се разбира е неизбежна и е пренесена преку бројните модели од црна тантела кои се атратктивни, софистицирани и секси. Од друга страна, и секојдневните парчиња кои асоцираат на топлина, комоција и лежерност се значаен дел од колекцијата. Особено интересни се и пижамите инспирирани од класична, машка кошула кои се повеќе од женствени и привлечни.

Новитет за есен/зима 2014 е и достапноста на дел од машката колекција men’secret во продавницата во Скопје сити мол (Skopje City Mall). Како и во женската колекција, и овие парчиња се направени од природни материјали, а се ќе направат да се чувствувате убаво, удобно и секси секој ден.

x

Check Also

Што чита Кејт Мидлтон во периодот на изолација?

За време на корона-деновите, од официјалната Инстаграм страница на Палатата Кенсингтон, беше ...