Што ни зборува потребата за чоколадо

Веројатно сте слушнале дека чоколадото ја содржи истата материја што мозокот ја создава додека чувствуваме љубов. Тоа е поради фенилетиламинот кој ги има истите својства без оглед дали го наоѓаме во чоколадото или во мозокот. Имено, фенилетиламинот има толку силно влијание врз расположението што во минатото се препишиуваше како лек за депресивните лица.

Бројни студии потврдија дека чоколадото е храна што ја посакуваме најчесто, особено жените. Зошто ни е потребно толку многу чоколадо? Зошто особено жените се борат со желбата за чоколадо? Постојат неколку можни причини, вели д-р Дорин Виртју во неговата хит-книга „Желба за храна“.

Љубовта и емотивните врски се многу важни особено за жените, а чоколадото го буди чувството дека сме сакани, ценети и разбрани. Хормоналните промени за време на менструалниот циклус стимулираат желби. Во случај на депресија, жените бараат помош почесто од мажите, а чоколадото одлично утешува, иако сепак е само привремен антидепресив. Жените кои работат премногу напорно, кои се обидуваат да бидат супер жени, понекогаш го зголемуваат нивото на енергија со помош на чоколадо.

Според д-р Дорин Виртју, зависноста од чоколадо е крик за љубов, блискост и романса.

Чоколадото е идеален антидепресив за оние кои страдаат од љубовни маки.  Мешавината на својства за добро расположение што ги содржи чоколадо се:

– Голем процент на маснотии го олеснува чувството на празнина, несигурност или осаменост.

– Голем процент на јаглени хидрати го стимулира производството на серотонин, хормон одговорен за добро расположение.

– исто така, чоколадото содржи фениламин, супстанца слична на серотонин која поттикнува чувство на смиреност.

– Стимулансите во чоколадото – фенилетиламин, теобромин, тирамин и кофеин – веднаш го зголемуваат нивото на енергија.

– Привлечноста на чоколадото делумно произлегува од неговиот вкус. Слаткиот, солен, горчлив и кисел вкус се во совршена рамнотежа.

– Пиразин, супстанца која се наоѓа во мирисот на чоколадо, го активира центарот за задоволство во мозокот.

– Чоколадата може да биде кремаста – ако ви треба релаксација, или крцкава – ако сте гневни на вашиот љубовен живот.

x

Check Also

Искористете ја до максимум сезоната на лубеници, направете совршен сок

А, кој не сака лубеница? Убаво изладената лубеница е омилено летно овошје, ...