На популарниот музички фестивал Coachellа се појавија голем број на познати лица, а внимаието го привлекоа и топ моделите.
Стилот на славните девојки е подготвуван со денови однапред, а доминираа креациите кои повеќе го откриваат телото. Секако, бохо детаљите беа насекаде присутни. Некои од манекенките се одлучија за кратки панталончиња додека за други изборот беше „карго“ панталони или „искинати“ фармерки.
Меѓу модните додатоци најзабележливи беа трендовските микро модели на очила за сонце, како и малите чантички кои се носат околу струкот.
Во фотогалеријата погледнете како беа облечени познатите девојки кои беа гостинки на овој фестивал.
- Каја Гербер
- Лаис Рибеиро
- Вини Харлоу
- Елза Хоск
- Кендал Џенер
- Џоан Смолс
- Ријана
- Емили Ратајковски и Елза Хоск
- Роми Стријд
- Шанел Иман
- Џасмин Тукс
- Никол Ричи
- Алесандра Амброзио
- Сара Сампајо
- Алесандра Амброзио