Што открива формата на носот за еден маж

Урбаната легенда за голем нос и голема „гордост“ е одамна урната, но секако формата на носот може доста да ни открие за карактерот на мажот.

Прчест нос

Октрива сталожена, практична и разумна личност, секогаш подготвен да помогне на лицата кои ги сака. Сака да биде во центар на вниманието, сака да се забавува, а и духовит е. Не е помалку амбициозен од другите, напротив. Сепак, не станува збор за авантуристички тип и одлично ги чува тајните.

Меснат нос

Ваков нос имаат емотивните и великодушните мажи кои одлично си ги кријат чувствата. Голема шанса е да остане сам цел живот ако не се ожени до 40. година, иако е одличен љубовник. Најголема пречка во врските е што сака да доминира.

Кукаст нос

Го имаат мажи кои изгледаат како да се упорни, силни и стабилни, а во суштина се несигурни луѓе кои не можат сами да си ги решат проблемите. Нетрпеливи се и склони на кавги, секогаш мислат дека се во право. Што се однесува до врските, ги привлекува само сексот.

Правилен нос

Ваков нос имаат лесно вљубливите мажи и љубители на долги врски. Верни се, но често знаат да бидат љубоморни. Љубопитни се и сакаат експериментирање, но истовремено многу анализираат па затоа другите ги доживуваат како цепидлаки. Сакаар долго да ги освојуваат срамежливите жени, но истовремено се вообразени и знаат да ги омаловажуваат луѓето кои се послаби од нив. .

x

Check Also

Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd во текот на завчерашниот Galaxy Unpacked настан, ...