foto facebook

Што сè може да измие машината за садови, освен чинии и тенџериња

Машината за миење садови, покрај прибор за јадење, лажици, вилушки, ножеви, чинии и шерпи, без кои не може да помине подготовката на оброк, може совршено да измие и некои други предмети за домаќинството, па дури и за лична употреба.

1. Топчиња од стаклени лустери
По миењето на стаклените лустери со топчиња или таванските светла во машината за миење садови, собата ќе изгледа многу посветла и почита. Ставете ги на горната полица, внимавајќи доколку има повеќе од едно, да не се допираат едни со други. Перете ги на деликатна програма и ако можете да ја прескокнете програмата за сушење на топол воздух, но ако топчињата се направени од порцелан или се граничат со златен раб, не се препорачува миење во машината.

2. Славина за туширање
Ако дупките во вашиот туш се затнати со варовник и славините го изгубиле поранешниот сјај, ставете ги на горната полица на машината и вклучете ја програмата со највисока температура. Ако имате шерпи и други многу валкани садови, слободно можете да ги измиете заедно со апаратите од бањата.

3. Пластични чешли, четки и шноли
Исчистете ги чешлите и другите предмети за коса од влакна, ситните предмети ставете ги во вреќе за перење на долна облека, и тоа на горната полица, и изберете нормален програм на миење. Ова се однесува само на пластични предмети, бидејќи оние направени од дрво може да се уништат поради високата температура и влажност.

4. Бејзбол капчиња
Машината за миење садови е идеална за миење предмети што треба да ја задржат својата форма. Ставете ги на горната полица свртени нагоре, но без остатокот од садовите, бидејќи не смеете да користите детергент за миење садови. Наместо тоа, ставете боракс во одделот предвиден за него.

5. Пластични играчки
Ставете ги малите пластични играчки во вреќа за перење, вклучете нормален програм на миење и измијте ги со остатокот од садовите.

6. Делови од кујнски апарати и садови за зачини
Пластичен сад за мраз, стакло од микробранова печка, пластични садови и решетки од фрижидерот, пластични и стаклени садови за шеќер, брашно, кафе, тегли, саламура и сè во што чувате зачини, а не се од дрво, сето тоа можете да го исчистите и во машината за перење садови, на нормална програма.

7. Кујнски сунѓери и четки
Измијте ги заедно со садовите и што е можно почесто. Горната полица е најдоброто место за нив и може да се измијат на нормална програма.

8. Предмети за лична хигиена
Четки за заби, држач за четки за заби, сад за сапуни…, сите овие работи треба да се мијат од време на време, и за да заштедите време, ставете ги во машината за миење садови на горната полица и измијте ги на нормална програма заедно со другите садови.

x

Check Also

Халкбанк со поддршка на четвртото издание на Beach Film Festival Ohrid 2021

Од 21 до 25 јули, на плажата Горица 3 во Охрид ќе ...