Што сè може да направи моќната ајдучка трева?

Таа е особено важно во третманот на нерегуларната и болната менструација кај млади жени, во отстранувањето на топли бранови и други непријатни симптоми во менопаузата, но исто така и подоцна, кога жените влегуваат во позрелите години.

Ајдучката трева уште од одамна е едно од најбараните лековити растенија. Го добила името по ајдуците кои ја користеле за лекување рани. Нејзиното латинско име е Achillea millefolium и поврзано е со грчкиот херој и учен човек Ахил, кој, исто така ги лекувал своите рани со неа во Тројанската војна. Други пак велат дека го добила името по Ахил поради неговата исклучителна цврстина, затоа што и самото растение е моќно и отпорно.

Achillea millefolium

Како диво, повеќегодишно растение, расте низ цела Европа, обично покрај патишта, на ливадите и пасиштата. Цвета во текот на летото, а се бере кога сонцето е најсилно, затоа што тогаш има најмногу есенцијално масло. Есенцијалното масло понекогаш е сино поради состојката азулен, поради што се користи за подготовка на масла или креми за сончање, бидејќи е докажано дека истовремено ја штити и ја храни кожата. Покрај тоа, ајдучката трева е исклучително богата со танини, органски киселини, горчливи материи што и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамини К и Ц, смола, калиум и натриум.

Ајдучката трева не создава навика и може да се користи секојдневно за зајакнување на органите за варење. Таа е составен дел од голем број мешавини на чаеви од различни миризливи, горчливи и други билки. Опсегот на дејство е исклучително широк, од лекување на  рани до регулирање на менструалниот циклус и олеснување на симптоми од менопаузата.

Во народната медицина, ајдучката трева зазема посебно место во третманот на неправилна и болна менструација кај млади жени, отстранување на топлотни бранови и други непријатни симптоми во менопаузата, но исто така и подоцна, кога жените влегуваат во позрелите години. Само една чаша чај на ден од ајдучка трева, свежо набрана под силно сонце, е доволна за да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат значителен број припаднички на понежниот пол. Застапниците на народната медицина тврдат дека е успешна и во третманот на „бело прање“, воспаление на јајниците, болести на матката и појава на миоми. За сите горенаведени проблеми, како и за болка во рацете и нозете, се препорачуваат бањи со ајдучка трева.  Бањата се подготвува со ставање 100 грама на целото растение во литар ладна вода која треба да отстои преку ноќ. Следниот ден, водата се загрева до вриење, а потоа се додава во водата за капење.

Ајдучката трева исто така ја потврди својата ефикасност во третманот на мигрена, несвестица, нагон за повраќање, спречување на крварење од носот. Искуството на индивидуални корисници покажа дека успешно ја прочистува крвта и целиот организам дури и по исцрпната хемотерапија.

Оваа билка помага и во лекување на хемороиди, дури и кога крварат, како и во случај на стомачни крварења. Исто така, ја регулира функцијата на бубрезите, но ефикасна и при ревматска болка во грбот. Се препорачува и за ангина пекторис и нејзините придружни симптоми. Корисна е и за третман на црн дроб, слезина, панкреас, жолтица.

Во многу ретки ситуации, многу чувствителни луѓе може да доживеат алергиски реакции за време на употребата на ајдучка трева. Во такви околности, треба да земете исклучително млада и свежа билка и да пиете чај во мали голтки и мали количини.

ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА ВОСПАЛЕНИЕ НА МАТКАТА И ЈАЈНИЦИТЕ

Измешајте 3 лажици ајдучка трева и кантарион, 2 лажици коприва, невен, цвеќиња од кантарион, мелени ореви, мајчина душица, босилек и камилица и 1 лажица маточина. Во оваа мешавина од билки додадете најмалку 600 милилитри до литар врела вода, потоа оставете го чајот да отстои покриен два часа. Исцедете го чајот и пијте три пати на ден по една чаша, голтка по голтка. Чајот може да се заслади, може да се пие топол или ладен, но ако се пие топол предизвикува потење. За да се постигне посакуваниот ефект, чајот треба да се пие најмалку три недели, со дополнителна употреба на масло од кантарион – 30 капки со малку вода три пати на ден.

ЗА ВАГИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ

Направете мешавина од 40 грама листови и цвеќиња од ајдучка трева и камилица. Додадете мешавина од 10 грама лисја од жалфија и коприва. Од добиената смеса одделете четири лажици и прелијте ги со еден литар врела вода. Почекајте содржината да се олади и да ја достигне температурата на телото, потоа процедете го и поклопете го со капак добиениот чај. Повторувајте ја постапката секој ден и пијте од чајот додека не се воспостави нормална вагинална флора.

 

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...