Што треба да појадувате ако сакате да слабеете?

Дали претпоставувате што треба да појадувате ако сакакте да слабеете? Макмода ви дава супер три предлози кои треба да ги ставите на листата “што за појадок“ ако сакате да слабеете во периодот кој доаѓа. Идеалниот појадок би бил спој од белковини, овошје, јаглехидрати од житарките и сл. Оваа комбинација ќе ви дава чувство на ситост во следните неколку часа по појадокот, а за да истиот биде со подобар квалитет додадете ги следните предлози:

Зелен чај – го чува здравјето пред се, а го забрзува процесот на согорување калории.

Диетални влакна – секој појадок треба да содржи барем 5 грама диетални влакна. Тие може да бидат во една голема јаболка, две кришки леб од житарки или пола шака цреши.

Јогурт – една од најкорисните состојки за појадок. Сепак изоставете ги овошните јогурти бидејќи содржат поголема количина на шеќер, а имаат и многу калогии. Доколку преферирате слатки појадоци одлучете се за обичниот јогурт, а додадете јагоди, мед и темна чоколада.

x

Check Also

Јајцата и слабеењето се супер пар, еве зошто

Аминокиселините се основни состојки на протеините, а од сите во јајцата е ...