Што вашите пижами зборуваат за вас

Во што сте облечени за спиење? Во пижами, широка маичка, секси ноќница или можеби спиете голи? Откријте што пижамите зборуваат за вашиот карактер.

s pizami 11

Каков однос имате кон тоа што го облекувате за спиење? Можеби никаков, а можеби сакате во кревет да се чувствувате секси, дури и кога спиете сами.

Вашиот избор на пижами открива повеќе отколку што мислите.

Стара маичка

s stara maicka 11

Ако носите стара маица кога одите на спиење, вие сте тип на човек кој сака да се сеќава само на убавите спомени од минатото. Веројатно имате многу фотографии и албуми (или дигитални албуми), и со задоволство постирате фотки на Фејсбук, често и фотографии од минатото, младоста или детството. Без разлика дали таа маичка во која спиете е на вашето поранешно момче или пак е некоја маичка која ве потсетува на нешто друго, вие најдобро спиете кога сонувате за минатото.

Долга памучна ноќница

s dolga spavacica

Вие сте непоправлива традиционалистка. Сакате праведност, а праведно се однесувате и вие кон другите. Стабилни и верни сте во љубовта, не сакате да менувате партнери, но некогаш потајно сонувате за една страсна авантура која веројатно никогаш нема да си ја дозволите. Уживате да читате книги пред да заспиете, обично спиете цврсто и ретко сонувате.

Широка, голема маичка

s siroka maicka

Можеби луѓето ве сметаат за несериозни, но вие само ја сакате слободата, сакате со леснотија да си го живеете животот и ја сакате удобноста дури и во спалната соба. Главна грижа ви е доволно да се наспиете за да можете веќе утре да се справите со лудите работни обврски. Живеете активен живот, па дури ни за викенд не останувате долго во кревет, зашто за вас спиењето е само нешто што мора да се направи за да се издржи следниот возбудлив ден. Сонувате често, но не им давате значење на соништата зашто за вас е предизвик само реалноста и иднината.

Пижами

s pizami

Добар организатор сте, секогаш правите листи на приоритети и белешки, и секогаш спиете толку колку што ви е потребно. Ако пижамите се памучни – тогаш вие сте многу практични во животот и не поднесувате несредени и збунети луѓе, а ако вашите пижами се свилени или елегантни – тогаш многу ви е важно што другите мислат за вас. Личност сте со многу стил и за вас може да се каже дека имате карактер.

Секси мини ноќница

s seksi pizama

Подготвени сте да го земете се она што животот ви го нуди. Веројатно оние кои спијат во стари маички нема да ве разберат, ниту пак вие нив, зашто вие сте чиста спротивност – сакате бучен и бурен живот и не се сеќавате на минатото, односно не сакате да се сетите на лошите нешта од минатото. Полни сте со самодоверба и често сте водач во друштвото. Веројатно и вашите соништа се бурни, а од оние сте кои утредента сакаат да ги толкуваат.

Во долна облека

s dolna obleka

Вие сте посебни и исклучителни, секогаш оригинални и многу забавни. Секогаш ви е жешко, па дури и во зима, темпераментни сте и ви „врие крвта“. Луѓето уживаат да бидат во ваше друштво, а вие пак избирате со кого ќе се забавувате. Сакате авантуристички живот. Често се будите среде ноќта, но брзо заспивате повторно. Спиете „брзо“ и не предолго.

Голи

s goli

Доколку сакате да спиете потполно голи, вие сте тип кои не се грижи што мислат за вас или што зборуваат за вас другите. Би можеле да одите и голи на работа, доколку тоа општетсвото го дозволува. Имате магнетски привлечна убавина, и свесни сте за тоа, а тоа ве прави многу сигурни во себе, полни со самодоверба но некогаш и арогантни. Вашите соништа се најчесто полни со еротика, но што има лошо во тоа? Би лежеле до пладне во кревет,ако немате работни обврски.

 

x

Check Also

Промоција на „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако во кино „Фросина“   

Промоција на стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако, ќе ...