Што велите за оваа софа од Икеа со можност за бројни трансформации?

Првиот резултат од долгоочекуваната соработка на Икеа и британскиот дизајнер Том Диксон е видлив – софата со можности за бројни трансформации која догодина ќе се продава во продажните места на Икеа.

Станува збор за комбинација на кревет и софа кои можат да понудат различни функции. Софата наречена Delaktig прво ќе биде претставена на Саемот за мебел во Милано.

Софата од иднината, како што веќе ја викаат, славниот дизајнер ја разработувал во соработка со 75 студенти од Ројал Колеџ Арт и Парсонс дизајнерската школа во Њујорк и Токио, со цел да се направи совршен модел кој се модификува на бројни начини.

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...