Што зборува вашето лице за вашето здравје

Кожата е најголемиот орган на вашето тело, па промените на кожата можат да бидат знак дека зад површината нешто се случува. Иако проблематичната кожа на лицето може едноставно да значи дека треба ја смените рутината на негата, нејзината состојба исто така може да биде знак за некои медицински проблеми кои терба да ги третирате.

Очи

Бледата кожа и бледа внатрешност на долните очни капаци се вообичаен знак на недостаток на железо. Ако го повлечете долниот очен капат надолу, внатрешниот слој би требал да биде во црвена боја. Ако е многу бледо розов или во жолта боја, тоа може да значи дека ви недостига железо. Втор показател за состојбата на организмот се подочниците. Ако спиете доволно, а сепак имате темни кругови околу очите, тоа многу често е знак на чувствителност на одредена храна, а најчесто се тоа млечните производи. Темните кругови под очите можат да бидат резултат и на сезонските алергии, на дехидрација на организмот или преголема конзумација на сол.

Кожа на лицето

Различни се факторите, како внатрешни така и надворешни, кои можат да влијаат на изглед на кожата на лицето. Пушење, премногу алкохол, погрешна исхрана и недостаток на сон, можат да ги влошат проблемите со кожата на лицето, а еве ги начестите причини и последици:

Црвенило – ако претходната вечер сте конзумирале повеќе алкохол, наутро кожата на лицето веројатно ќе ви биде со црвенила. Црвенилото може да биде и последица на алергија.

Бледило – Често е знак за анемија, недоволен сон и замор на кожата воопшто. Ако бледилото потрае неколку дена, а чувствувате и недостаток на енергија или исцрпеност, обратете се на лекар.

Зеленкаста боја на кожата – обично е знак за мачнина. Причината би можела да биде труење со храна, но и прејадување или прекумерно конзумирање на алкохол.

Жолтенило – Може да биде причина за загриженост. Оваа состојба на кожата може да укажува на жолтица, болест на црниот дроб, панкреасот или заболување на жолчната ќеса. Секако веднаш посетете лекар.

Сува кожа – Ова е доказ дека вашата кожа бара повеќе хидрација, односно повеќе вода во секоја форма – со конзумирање на повеќе течности, но и со нега на кожата со хидратантни креми.

Првутава кожа – Кожата природно го губи горниот, мртов слој, но првутавата кожа е сигурен знак дека на вашата исхрана и недостигаат есенцијални масни киселини. Задолжително во исхраната вклучете мрсна риба, авокадо, бадеми.

Акни – Причините можат да бидат бројни – лоша исхрана, хормонален дисбаланс, полицистични јајници, лоша нега. Обратете се кај дерматолог.

Длабоки бори – Борите се нормален дел од стареењето, но длабоките бори можат да укажат на тоа дека лошо спиете на перница која не одговара за вашето лице.

 

x

Check Also

Сите придобивки на мача чајот, не е само за слабеење туку и за добро здравје

Кога ќе се помисли на мача чај обично помислуваме на ефектот во ...