Шведска диета, контра-одговор на нутриционистите: Мастите не се штетни за слабеење, ниту сланината!

Во 2020 година нутриционистите најголема предност и даваат на таканаречената Шведска диета. Имено, шведските доктори дошле до заклучокот дека здравите масти како што се путерот, маслото, маслиновото масло, полномасната павлака, полномасното сирење и јогурт, како и сланината, не се штетни намирници.

-Мастите се најдобар избор за оние кои сакаат да ослабнат. Не постои поврзаност меѓу големиот внес на масти во исхраната и кардиоваскуларните заболувања. Ова известување потполно ги промени насоките кои до сега ни ги даваа нутриционистите.

Интересно е што шведската диета во принципите не се разликува многу од таканаречената „кето“ диета, која не се симнува од полуларноста во последниве неколку години. Како и кај шведската диета, и во кето диетата предност се дава на здравите масти и протеините, додека сосема се скратуваат (не дозволени се) јагледнохидратите и шеќерите. Додека кето диетата е поекстремна и дава – исто така – екстремни резултати за кратко време, шведската е поумерана.

Идејата е со скратување на јагленохидратите, односно шеќерите, кои нашето тело ги користи како извор на енергија, организмот да се навикне да ги користи токму мастите како извор на енергија, односно телото да се доведе во фаза на „кетоза“. Во оваа фаза килограмите едноставно се топат со голема брзина.

Водич за употреба на диетата

Наместо исхрана базирана на јагленохидрати, тука базата се протеините и природните масти, со голема количина на зеленчук и само малку намирници со природни шеќери и помалку штетни јагленохидрати. Тоа значи дека без ограничувања во количината е дозволено да се јадат сите видови на месо, па дури и чварки, а исто е и со јајцата, рибата – особено масната (морската), богата со омега 3, и другата морска храна. Потполно е забрането да се јаде компир, тесто, ориз и шеќер.

Од зеленлукот има дозволен и забранет. Дозволен е – брокула, спанаќ, карфиол, зелена салата, зелка, блитва, модар патлиџан, тиквички, кромид, (лукот е забранет бдејќи содржи јагленохидрати), печурки, ѓумбир. Цвеклото, морковот, грашокот, боранијата се забранети, поради висок процент на шеќери.

Млечни производи се дозволени во помала количина (до 50 рама на ден) и тоа полномасните. Како, на пример, кашкавал „Чедар“, „сините“ француски сирења, „бри“, кајмак…

Од мастите дозволено е маслиновото масло, ланеното масло, кокосовото масло и авокадото. И маслинките секако, се дозволени.

Саламите избегнувајте ги, освен пршутот, колбасот и куленот. Во менито, доколку сте во можност, додадете што повеќе лосос, жив или печен/пржен на маслиново масло.

Како се слабее со оваа диета

Редовната и обилна конзумација на намирници богати со јагленохидрати предизвикува претерано излачување на инсулин, го зголемува нивото на шеќер во крвта, па не држи во маѓепсан круг на глад. Со текот на времето доаѓа и до хронично зголемен инсулин и болести. Со прекинување на тој круг, со стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, постепено исчезнува и чувството на глад, па конзумираме се помалку храна. Кога храната е богата со протеини и зеленчук, како и со природни масти, и помала количина дава чувство на долготрајна ситост.

 

x

Check Also

Можно ли е и како да се загубат 10 килограми за две недели

Десет килограми се многу да се изгубат за само две недели. Иако ...