Си беше еднаш една Бетина…

Супермоделите пред денешните супермодели.

bet 2

Пред да се појават на сцената Линда Евангелиста, Наоми, Кејт Мос, Кара Делевињ…, си беа еднаш една Бетина, Твиги, Верушка, Сузи Паркер…Овие прекрасни жени со безвремена убавина го истрасираа патот на денешниот поим за топ-модели. Особено, Бетина Грацијани.

bet 5

Концептот на моделот како муза со години се проучува, а најмногу преку изложбите на Костимографскиот институт Метрополитен. Но, пред познатите убави лица од денешницата, имаше и други жени кои им го покажаа патот на идните убавици и начинот како се станува професионален супермодел во светски рамки.

Една од најзначајните такви убавици е моделот Бетина, која е предмет на изложбата поставена во Галеријата Карла Соцани во Милано.

bet 3

Родена како Симона Мишелин Бодин, во 1925 година, оваа француска убавица која владееше со модната сцена во 40-те и 50-те години, беше муза на најголемите креатори, како Живанши и Диор,позирајќи пред објективите на врвните модни фотографи како Анри Картие Бресон, Ирвинг Пен и Хенри Кларк.

Пред да стане модел, Симон Мишелин Бодин беше сиромашна ќерка на железнички работник, а нејзината убавина ја открива во тоа време славниот француски моден креатор Жак Фет за кого работел и од кого учел тогаш младиот Хуберт де Живанши. Ангажирајќи ја Бодин за една од неговите модели кои ќе ги фаворизира, Фет и предлага да го промени името (за полесно да се помни) во Бетина.

– „ Ние веќе имаме една Симон, ти мене ми личиш на името Бетина“.

bet1

Оттука тргнува славата на модел на Бетина и таа станува една од првите супермодели на 20-от век.  Во меѓувреме, Бетина ќе добие и понуда за ангажман како топ-модел од страна на Кристијан Диор, која таа ја одбива и продолжува да работи само за Фет.

Кога Хуберт де Живанши, во 1952 година, ја отвора модната куќа Живанши ја ангажира преубавата Бетина да биде негов заштитен модел, а потоа таа презима да ги води односите со јавност во „Живанши“.

Живанши по неа ќе ја наслови неговата прва колекција претставена во 1952 година.

По краткиот брак со Бено Грацијани, француски репортер и фотограф, Бетина го задржува неговото презиме, Грацијани. Полека почнува да се повлекува од светот на модната сцена, зад рефлекторите, и набргу ги покажува своите големи таленти за различни уметности. Прво успева како дизјанер на трикотажни колекции, а подоцна се покажува и како одличен поет и композитор.

Од модниот свет сосема ќе се повлече во 1955 година кога го запознава принцот Али Кан од Пакистан. Во 1960 година, Бетина која е бремена, ја преживува сообраќајната незгода во која животот го губи Али Кан. Поради шокот од оваа трагедија, ќе го загуби бебето. По смртта на Али Кан, таа ќе напише автобиографска книга „Бетина за Бетина“, објавена во 1965 година.

Доколку се најдете во Милано во периодот до 2 ноември, не пропуштајте ја оваа исклучителна изложба посветена на Бетина, која вклучува над 100 фотографии од животот и кариерата на супермоделот.

М.Б.

x

Check Also

Што открива за вас вашата омилена чоколада

Која чоколада ви е омилена? Секој вкус открива по некоја човечка карактеристика. ...