Сиа позираше без да си го крие лицето

Ретко, па дури и невозможно, е да се види пејачката Сиа без нејзината огромна перика во бела и црна боја која и го покрива лицето. Но, ѕвездата конечно го покажа своето лице, на огромно изненадување на фановите.

Австралиската уметница се појави на Нетфликс Озарк забавата во Лос Наџелес, покажувајќи го своето убаво лице и природната руса коса.

Во 2015 година, пејачката објасни во шоуто на Елен Деџенерес зошто секогаш носи голема перика. „Затоа што можам да одам во продавница и да купам што сакам без никој да ме препознае, можам да се движам нормално на улица без никој да ме брка за да направи од мене фотографија“.

Дали оваа одлука на Сиа да си го покаже најпосле лицето е за прв и последен пат, или е нов нејзин тренд, ќе видиме.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...