Сиена Милер во „Барбери“ фустанче кое го носеше и пред 13 години

Повторно да се облече на важен настан ист фустан кој некогаш се носел исто така на важен настан, не е чест случај меѓу ѕвездите, но Сиена Милер ги освои симпатиите на фановите покажувајќи дека „нема гајле“ да го повтори модниот избор од 2006 година.

Имено, глумицата носеше светкаво златно фустанче со црн ремен во комбинација со црни дебели хулахопки и мала чантичка на црвениот тепих на Мет Гала во 2006 година, а деновиве во иста комбинација е забележана во еден ресторан во Лондон.

„Who What Wear“ ја фотографирале глумицата, а рекацијата на фановите е дека и по 13 години Милер изгледа секси во истата модна комбинација.

 

Инаку, фустанчето е од марката Burberry.

x

Check Also

Кејт Мос и Каја Гербер во новата кампања на Стела Мекартни

Стела Мекартни обедини два топ модела од различни генерации во новата кампања ...