Силвестер Сталоне ужива на луксузна јахта во Сплит

Познатиот холивудски глумец Силвестер Сталоне со семејството пристигна во Сплит, Хрватска, каде што ќе летува.

Семејството слетало на сплитскиот аеродром по краткиот престој во Венеција, а сеуште не се знае колку дена ќе остане во Сплит.

Според хрватските медиуми, Сталоне го одбрал Сплит за да го прослави својот 73ти роденден, на 6ти јули, во друштво на сопругата Џенифер Флавин и трите ќерки Софија, Систина и Скарлет.

На Инстаграм профилите на неговите ќерки веќе се појавија фотографии од одморот во Сплит на кои се гледа дека семејството ужива на луксузна јахта.

x

Check Also

Жешка кампања на Викторија сикрет за есен 2019

Викторија сикрет ги објави првите фотографии за кампањата за долна облека за ...