Симона Станковска ќе ја претставува Македонија на Мис Медитеран 2015

В сабота (17 јануари) во Киренија, Кипар, ќе се одржи изборот за Мис на Медитеранот 2015.

simona 4

Македонија ќе ја претставува 19-годишната Симона Станковска од Скопје, позната како модел од Модното студио Црнокрак и како водителка на естрадниот магазин Бекстејџ. Симона веќе десет дена престојува на Кипар каде заедно со другите девојки од медитеранските држави се подготвува за големото финале кое во сабота ќе се одржи во елитниот хотел Мерит Премиум.

simona 5

На Симона ова не е прв настап на интернационални избори за убавина. Како победничка на изборот за Мис на Македонија 2013 за Мис Глоуб, на Мис Глоуб истата година освои дури четири титули, а следната година во Кина на интернационалниот избор за модели во конкуренција на повеќе од 80 девојки од целиот свет ја освои титулата втора придружничка.

simona 1

simona 3

simona 2

Симона е на Кипар заедно со екипа од Модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за Македонија за Мис на Медитеранот.

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...