Преубавата Симона Станковска во топ форма за Мис Глоуб 2013 (ФОТО)

В сабота во Драч, Албанија, ќе се одржи финалето на изборот за убавина Мис Глоуб (Miss Globe 2013). Македонија ќе ја претставува 18-годишната Симона Станковска од Скопје која за титулата ќе се натпреварува со 50 убавици од исто толку земји.

simona 8

Симона е победничката на изборот на Мис Глоуб на Македонија и со тоа стекна право да ја претставува земјата на големиот интернационален избор за убавина кој по рејтинг е еднаш зад  Мис на светот.

simona 7

simona 6

simona 5

Симона во Албанија не замина сама. Со неа е цела екипа од Модното студио Црнокрак.

simona 4

„Таа има целосна помош и поддршка од нас за на големото финале, в сабота, да ја претстави Македонија најдобро што може. За време на цeлиот престој тука, нејзиното однесување е навистина за пример, а тоа сигурно нема да помине незабележано кај организаторите и жири- комисијата, чии членови сеуште не се познати, но се тука некаде и будно го следат секој чекор на девојките“, ни рече Мики Црнокрак сопственик на Модното студио Црнокрак кој ја поседува лиценцата за овој избор за Македонија.

simona 3

simona 1

simona 9

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...