Симпатичен летен тандем: Дамјан и Лила

Вакви костими за капење одбраа водителите Дамјан Дренковски и Лила Филиповска.

damjan lila

Навикнати сме да ги гледаме дотерани во складно искомбинирани парчиња гардероба. Овој пат се дотерани во костими за капење. Лила се одлучи за дводелен костим со различна боја на бикините и градникот. Дамјан пак – за долги боксерки.

Иако се партнери во професијата, патувањата и следење на модните трендови, под сончевите зраци се распар: додека Лила нема проблеми со изложувањето на сонце, Дамјан со природно светол тен очигледно треба многу да внимава. А ако малку се задлабочиме во фотографијата, водителот неодоливо не’ потсетува на момчето на Барби, Кен. Впрочем, истото мислење го имаме и кога ќе го вклучиме телевизорот.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...