Сини, зелени, црни… Луѓето со иста боја на очите имаат заеднички карактеристики

Научниците од Шведска направиле истражување во кое испитувале 428 лица и поврзаноста меѓу бојата на нивните очи и личноста.

Кафени очи: јак карактер

Кафената е најчеста боја на очи. Оној кој има кафени очи има потенцијал да биде лидер бидејќи кафените очи се индикатор на силниот карактер. Лицата со темнокафени или со црни очи се сметаат за многу пријатни.

Сини очи: внатрешна сила
Сините очи често се и дикатор за психичка сила. И покрај тоа луѓето со сини очи често делуваат како слаби и егоистични личности. Некои истражувања потенцираат дека жените со сини очи полесно ги поднесуваат породилните болки од другите жени.

Зелени очи: силен сексипил

Жените со зелени очи често се сметаат за многу атрактивни. Таа боја им дава нешто мистериозно и заводничко. Освен тоа, луѓето со зелени очи тешко е да се изнервираат и многу добро функционираат под притисок. Исто така тие се мошне креативни личности.

Сиви очи: сестрани личности

Луѓето со сива боја на очите брзо се прилагодуваат на другите луѓе и ситуации.

x

Check Also

Науката и иновациите го менуваат начинот на консумирање тутун

Светот се менува, и во согласност со него, се менуваат и навиките, потребите ...