Сините „Стела Мекартни“ комбинезонки на Амал Клуни

Амал и Џорџ Клуни присуствуваа на гала настанот People’s Postcode Lottery Charity Galа во Шкотска. За оваа прилика Амал одбрала комбинезон во темно-сина нијанса.

Елегантниот комбинезон е креација на Стела Мекартни. Моделот има трендовска „отворена“ раменица, должината на панталоните е над глуждовите, додека самиот крој ги прави да личат на миди фустан.

Изгледот е надополнет со класични сини салонки на високи потпетици од Кристијан Луботен, дебел црн ремен и трендовска чантичка со „крава“ принт.

Шминката е дискретна, како да отстуствува, а нагласени се усните во темно-розова нијанса.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...