Sirtfood, нова диета која го освојува светот, а дозволува малку чоколада и вино

Популарноста на sirtfood диетата се должи на тоа што за една недела се губат три килограми, се зајакнува имунитетот, а диетата дозволува малку чоколадо и вино.

Диетата се базира на конзумирање на голема количина на протеини, а во фокусот е ензимот сиртуин – односно, се јадат намирници кои го поттикнуваат неговото создавање. Сиртуинот во телото го забрзува согорувањето на мастите, го забавува процесот на стареење и го подигнува имунитетот. Внесот пак, на калории, е сепак намален.

Намирници кои го активираат сиртуинот се – зелениот чај, незаблажено кафе, јаболка, целер, куркума, црвено вино (посебно pinot noir), темно чоколадо (со минимално 75 отсто на какао), лосос, ореви, маслиново масло…

Првите три дена во организмот се внесуваат 1.000 калории дневно, со конзумирање на 3 смути и 1 оброк подготвен од намирници кои содржат сиртуин.

Од четвртиот до седмиот ден се внесуваат 1.500 калории дневно, се конзумираат 2 смути и 2 оброка.

Креаторите на оваа диета, нутриционистите Гогинс и Матен, ја тестирале на испитаници и резултатите биле загуба на 3 килограми за седум дена.

 

x

Check Also

5-дневна диета со лубеница

Лубениците се одлични за слабеење бидејќи содржат 90% вода. Освен што ќе ...