Сите бои убаво ми стојат! Еве како да носите шарени модни комбинации (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не плашете се да носите повеќе бои на себе! Оваа игра на шарени модни комбинации не само што е многу забавна и не само што расположува, туку е привлечна и за оние кои не гледаат, особено во есенските тмурни денови кога најголем дел од нас се одлучуваат за гардероба во потемна нијанса.

Јасно е дека полесно се комбинираат пастелните нијанси со други пастелни тонови, и тука речиси не може да дојде до грешка. Нежната розова нијанса, на пример, добро се сложува со светло сината, светло жолтата, светло зелената, и секогаш добиваме изглед пријатен за очите.

Но како да комбинираме гардероба во бои кои не се пастелни со други модни парчиња во пастелни тонови или пак, во друга силна нијанса?

Инспирирајте се од актуелната улична мода во фотогалеријата.

x

Check Also

„ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ СО НОВ РЕКОРД НА ГЛЕДАНОСТ

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“ ја надмина бројката од ...