Сите ги чуваат овие пет работи во купатилото, а не би требало…

На некои производи воопшто не им е местото во купатило.

Еве на кои:

Таблетки за контрацепција и други лекови. 

Топлината и влагата во тоалетот можат значително да влијаат на делотворноста на некои лекови. Во упатствата на повеќето лекови пишува дека не треба да се чуваат на температура повисока од 30 степени. Логично, си помислуваме, а потоа забораваме дека температурата во тоалетот поради туширањето или фенирањето, особено во лето, брзо достигнува температура над 30 степени. Сигурно нема да ви биле мило ако таблетите против болки не делуваат, а неделувањето на табетите за контрацепција можат да имаат далеку посложени последици.

Парфеми

Кога мејкапот е готов и фризурата е средена ни останува само уште да се прснеме со парфем. И тој е тука, на дофат на рака, во тоалетот. Но топлината и влагата се виновни што во шишенцето за парфем се создаваат бактерии кои пак, предизвикиваат расипување на парфемот, односно тој ја менува и губи миризбата. Значи, подобро чувајте го парфемот во спалната соба.

Четки и перничиња за мејкап

Факт е дека четките и перничињата за нанесуваше шминка се главни впивачи на бактерии. Ако ги чуваме во тоалетот, поради влагата бактериите уште повеќе ќе се размножуваат. Ако се уште не ви се остварил детскиот сон во спалната соба да имате свое катче за шминкање, време е нешто да направите околу ова прашање.

Креми за заштита од сонце

Многу се важни во текот на сончевите денови, но не заборавајте – кремите за сончање многу бргу можат да го изгубат своето делување поради влагата во купатилото. Дополнително, кремата ќе го изгуби своето заштитно делување ако се чува на топло место, какво што е во текот на летото – тоалетот.

Жилети

Нив ги користите за бричење и тоа исклучително во купатилото. Меѓутоа, постојаната влажна клима може да ги затупи, но и да собере батерии на самиот жилет. А тоа води до создавање инфекции и бубулици после бричење. После секое користење на жилетот треба убаво да се измие со топла вода, да се избрише со крпа или да се исуши со фен, и да се чува надвор од купатилото.

x

Check Also

Сега имате време, направете смеса за чистење и светнете ги четкичките за шминка

Може да имате најскапи и најквалитетни четки за шминка, но ако се ...