Mango има хит модно парче на сезоната, кое веќе со задоволство го носат популарните модни блогерки, уреднички и инфлуенсерки. Станува збор за „велосипедски“ бермуди дизајнирани од вискоза и полиамид, а до сега ги видовме во брзброј различни комбинации на Инстаграм.
Трендот на тесните бермуди доаѓа од 90-те години, си бара убава фигура, а актуелен во денешен време стана благодарение на Ким Кардашијан.
За сезоната пролет/лето 2019, го наоѓаме во повеќе колекции на популарните модни марки кои предлагаат да се носи во комбинација со сако и сандали или папучки со висока потпетица. Сепак, во актуелната колекција на Манго го најдовме најпосакуваниот модел – во светло сина нијанса. Дизајнерите од Манго пак, ни сугерираат да го носиме со патики, сако и кошула за трендовски и шик изглед.
Тесните бермуди се достапни во продажба во Манго по примамлива цена, како и во онлајн продажба на официјалната шопинг страница на Фешн Груп – ТУКА.