Сите „луди“ по „Клуб Монако“ фустанот на Меган Маркл

По венчавката на глумицата Меган Маркл и принцот Хари, се што „новопечената“ војвотка од Сасекс ќе облече, станува бестселер!

А тоа се случи и со фустанот кој Маркл го носеше овој викенд. Станува збор за плисиран фустан од „Клуб Монако“ (бренд кој е дел од семејството Ралф Лорен), но кој нуди модни парчиња по достапни цени, на рангот на „хај-стрит“ модните марки.

Фустанот кој изгледа на дводелен сет составен од лелеава блуза и плисирана сукња, Меган Маркл го носеше за свадбата на пријателот на принцот Хари, а истовремено и за својот роденден.

Комбинацијата беше „зачинета“ со чевли од Аквазура и шапка од Флип Трејси.

Моделот на фустанот се вика Shoannah, а во онјалн продажба беше распродаден за час. „Клуб Монако“ пак, толку бил затрупан со прашања од типот кога ќе биде фустанот повторно достапен во продажба, што за сега, во потполност се повлекол од веб-страницата.

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...