Сите „луди“ по сомотскиот комплет од H&M

Уште едно хит модно парче од есенската колекција на H&M брзо стана ѕвезда на Инстаграм.

H&M

Станува збор за сомотскиот комплет од сако и мини здолниште, кој одлично се комбинира со бела кошула или за „кежуал“ изглед со памучна маичка.

Освен со впечатливата сина боја и класичен крој, комплетот се издвојува по скапиот изглед, иако цената му е многу пристојна.

Инаку, сомотот повторно влегува во игра за сезоната есен/зима. И во „Зара“ може да најдете убави сомотски модни парчиња, а нам ни се допаѓаат сомотските комплети од сако и панталони, кои се одлични и за на работното место.

zara

 

x

Check Also

Чевлите со квадратна форма се хит за есен/зима 2019

Италијанската луксузна модна марка Bottega Veneta прва го започна трендот на чевли ...