Сите модни изгледи на Меган Маркл за време на посетата на Нов Зеланд

За време на патувањето во Австралија, Нов Зеланд, Тонга и Фиџи, војвотката од Сасекс покажа бројни модни изгледи. Гардеробата која ја носеше беше од луксузни модни марки, како Стела Мекартни, Оскар дела Рента и Живанши, но исто така Маркл носеше и модни парчиња од популарните „хај стрит“ бреднови како Зара, или пак, пристапни парчиња од Клуб Монако и J. Crew.

За време на посетата на Нов Зеланд, впечатлив беше модниот избор на труднички фустан од Зара кој е во продажба по цена од 40 евра, но интересен беше и моментот кога по втор пат го облече синиот фустан од Антонио Берарди, кој го носеше и во 2017 година.

Сите модни изгледи на Меган Маркл за време на посетата на Нов Зеланд, погледнете ги во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Топ моделот Кејт Аптон се породи, бебето се вика Женевиев

Топ моделот Кејт Аптон, позната по своите раскошни облини и миленичка на ...