Сите предности на дрвените играчки: Ви претставуваме дел од колекцијата на Plan Toys – Push & Pull. 

Денес децата сè повеќе се опкружени со модерни играчки, електронски, кои можат сами да се движат, да зборуваат и слично, но зошто им се толку потребни дрвените играчки и зошто треба да им дадеме предност?

Најчесто, дрвените играчки доаѓаат без батерии и останати електронски компоненти. Не зборуваат сами, сами не се движат, туку децата треба рачно да ги движат и да ја употребат фантазијата и буквално да им вдахнат живот. Ваквите играчки им даваат прилика за потполно отворена игра во која можат да си замислат брзброј можности кои нивната играчка ќе ја направат единствена. На тој начин влегуваат подлабоко во светот на фантазијата, и затоа можат долго да го задржат детското внимание. На пример, со вовчето кое се состои од неколку разнобојни дрвени делови, малечките ја развиваат моториката и учат да ги препознаат боите и формите.

Една од најголемите предности на дрвените ирачки е и во нивната издржливост. Изгледа како да можат да траат вечно. И ден денес се пренесуваат од генерација на генерација.

Кога (и ако) им дојде време да ги „пензионирате“, можат лесно да се рециклираат, а со тоа воедно се грижите и за животната околина. А децата имаат поголема почит кон таквиот тип на играчки. Им посветуваат повеќе грижа и не се одвојуваат лесно од нив.

Уште една предност на дрвените играчки е што немате потреба континуирано да им менувате батерии, делови или да ги поправате скршените компоненти. Можат да се пренесуваат од колено на колено и никогаш нема да излезат од мода. Овие класични играчки имаат и едукатнивна и забавна функција. Затоа тие се меѓу играчките кои вашето дете сигурно треба да ги има.

А најубавите дрвени играчки ги најдовме во продавниците „Крш“.

Во продолжение ви претставуваме дел од колекцијата на Plan Toys – Push & Pull. 

Играчките побарајте ги во најблиската до вас продавница „Крш“:  
Трговски центар Ramstorе mall – 1 кат, Скопје , Градски трговски центар – сутерен, Скопје , Трговски центар Зебра, Скопје
Трговски центар Сума , Куманово, Remmall, Тетово, Трговски центар Сити Центар , Гостивар, Трговски центар Skopje City Mall, Скопје , Трговски центар Capitol Mall & Residence, Скопје, Крш бебе – Веро Трговски Центар, Скопје, Трговски Центар Lisa, Скопје, Retail Park – Point Retail Park, Скопје

 

x

Check Also

Што чита Кејт Мидлтон во периодот на изолација?

За време на корона-деновите, од официјалната Инстаграм страница на Палатата Кенсингтон, беше ...