Сите предности на морковот за убавината и негата

Зошто е важен морковот за фит и негувано тело?

Морковот содржи најмногу каротин од сите останати намирници, па доколку морковот го внесете во вашата секојдневна исхрана со сигурност ќе ги почувствувате неговите позитивни влијанија. Еве и зошто:

Каротинот и убавината

Каротинот на повеќе начини добро влијае врз нашиот организам, а од каротинот настанува витаминот А кој пак е заслужен за убавата кожа, коса и нокти. Дополнително, со помош на каротинот доаѓаме и до правилна работа на црниот дроб, цревата и желудникот.

Еден морков може да биде совршен додаток во секој оброк. Но, земете предвид дека сокот од морков многу полесно се вари во организмот и затоа е најдобро така да ја внесувате оваа исклучително важна намирница.

За слабеење

Сокот од морков се препорачува во секоја диета за оние кои сакаат да ослабнат. Совршено е ако можете да ја замените вечерата со една порција на свежа салата од сезонски зеленчук и 1 сок од морков. Доколку вежбате, сокот од морков земете го задолжитено на еден час после тренингот, зашто докажано го ублажува физичкиот замор.

Салатата од морков, супата од морков, варениот и печениот морков не само што се многу вкусни јадења туку се исклучително нискокалорични.

За прочистување на организмот

Лековитите состојки во морковите се интензивни и оттука оваа намирница е одлична за прочистување на организмот, особено ако имате проблеми со лошото варење на храната и бавниот метаболизам. Доволно е да испиете само половина чаша сок од свежи моркови дневно, и тоа наутро, за ваквите проблеми лесно да ги надминете.

Наутро за забрзување и будење на организмот

Во природниот сок од моркови може да  додадете (3-5 грама) изрендан ѓумбир. Така ќе го разбудите организмот побрзо и ќе добиете многу повеќе енергија која ви е неопходна во текот на стресниот ден. Оваа напивка го забрзува метаболизмот, а со тоа и побрзо се топат вишокот на килограми.

Го убива лошиот здив

Нутриционистите советуваат сокот од морков да го пиете полека. Поточно, задржете од сокот во устата десет секунди, па потоа голтнете. Таквата препорака е поради тоа што морковот ги убива бактериите во устата. Доволна е само половина чаша свежо цеден сок од морков на ден за да го решите проблемот на непријатниот здив.

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...