Сите предности на морската сол за нашето здравје и убавина

Природната морска сол е здрава и има терапевтски дејства, но пред да зборуваме за нејзините моќи, треба да се знае дека таа настанува со природни процеси на испарување на солената вода при што сите нејзини состојки остануваат сочувани. Морската сол, благодарение на оние над 80 елементи во нејзиниот состав, делува чудотворно на здравјето, кожата и косата.

1.Морската сол има алкален ефект кој помага во балансирање на нивото на киселини во телото

2. Го зајакнува имунолошкиот систем, па така телото станува поотпорно на разни автоимуни болести како грипот, алергиите и слично.

3. Има значајно влијание на кардиоваскуларниот систем. Научниците докажаа дека со редовно консумирање на морската сол растопена во вода може значително да се намали нивото на лошиот холестерол во телото. Исто така го одржува крвниот притисок под контрола и го нормализира неправилното работење на срцето.

4. Метаболичните нарушувања, како на пример дијабетесот, можат успешно да се третираат и лечат со морска сол бидејќи таа го намалува нивото на шеќерот во крвта.

5. Повеќе од 20 одсто натриум во нашето тело се собира во коските кои пак се оштетуваат поради недостаток  на минерали во крвта и телесни течности. Со додавање на морска сол во исхраната може да се избегнете и лекува остеопорозата.

6. Морската сол е корисна за дишниот систем, а минералите и олигоелементите како и структурните делови на алгите кои содржат морска вода помагаат при закрепнување на слузокожата. Морската вода има благи антисептички и антибактериски дејства кои се припишуваат на јоните на калциум и магнезиум.

7. Добар извор е на калиум кој ги олеснува функциите на мускулните влакна, па затоа морската сол делува благотворно ms2на избегнување на грчевите.

8. Морската сол се смета за природен прочистувач на крвта. Содржи голема количина на витамин Ц кој делува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали. Магнезиумот пак, овозможува ефикасно делување на антиоксидансите. На тој начин, морската сол овозможува детоксикација на клетките на кожата апсорбирајќи ги сите отровни состојки од нив.

9. Бидејќи солта ги извлекува токсините од телото, кожата станува мека и здрава. Затоа купките со морска сол можат да го подобрат нејзиниот тонус. Таквата купка ќе го поттикне излачувањето на вишокот вода од кожата и сврзното ткиво со што се спречува таложење на вишокот течности, а кожата станува поцврста, помазна и поздрава.

10. Морската сол е полна со витамини и минерали од витално значење за правилна исхрана на клетките. Тие хранливи состојки можат да го подобрат клеточниот метаболизам, да го одржуваат ткивото хидрирано, да ја поттикнат циркулацијата на самата површина на кожата и да ја зголемат силата на клеточните мембрани.

11. Калциумот помага во чистење на затворените пори на кожата.

12. Морската сол е идеална како природен пилинг за кожата бидејќи нејзината текстура го отстранува горниот слој на мртви клетки.

13. Природен лек е за лица со масна кожа. Морската сол го апсорбира вишокот на маснотии од кожата правејќи ја мазна и убава.

14. Со помош на бројните минерали присутни во морската сол косата ќе го добие посакуваниот волумен.

15. Морската сол е извонредна во борбата против првут.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Продолжува периодот на дождови! Еве на што да внимавате најмногу!

Продолжува периодот на дождови! Но, и покрај тоа што ќе врне, ќе ...