Џиџи Хадид

Сите проблеми на орагнизирањето на шоуто на „Викторија сикрет“ во Шангај

Сè е подготвено за големото модно шоу на Викторија Сикрет во Шангај. Или така барем е на хартија, бидејќи во пракса работите се малку посложени.

За оние кои не знаат, ова е прв пат најочекуваната модна ревија на годината да се случува на Истокот, пазар на кој марката се обидува да се прошири. Но, ако немаше големи проблеми со отворањето на првите продавници, истото не може да се каже за организирање на настанот, кој се претвора во посложен за организирање од очекуваното.

Останаа неколку дена до 28 ноември, денот кога е закажана модната ревија (која во средината на декември ќе биде емитувана на телевизиските екрани), но организаторите на шоуто мораа делумно да го променат кастингот. Причина за тоа е што кинеската влада ги отфрли визите за неколку модели. Имено, визи за Кина не добија Русинките Јулија Белијкова, Кејт Григориева и Ирина Шарипова, како и топ моделот од Еквадор, Даша Хлистун. А сите овие убавици требаше да настапат на шоуто. Не е јасно зошто овие модели не можат да добијат виза за престој во Кина, со оглед на изјавите на некои источни агенции за печат кои тврдат дека односите меѓу Русија и Еквадор и Кина се идилични.

Меѓу прифатените визи, сепак, е онаа на Џиџи Хадид. Викторија сикрет уште во септември го најави учеството на Џиџи Хадид во големото шоу, а за топ моделот ова ќе биде трет пат последователно да учествува на големиот настан. Но, проблемот со неа не е во визата туку во тензичните односи со Кинезите. Имено, кога минатиот февруари нејзината сестра Бела Хадид го објави видеото на Интернет, на кое Џиџи јаде колач во форма на Буда при тоа со раката развлекувајќи ги очите за да го постигне ефектот на „кинески очи“, кинескиот народ се навреди од ова видео и таа беше обвинета за расизам. Хаштагот на Интернет „Џиџи расист“ собра милиони лајкови од Кинезите, и следуваа лавина од реакции дека американската убавица после ова видео не е добредојдена во Кина, најмалку на шоуто на Викторија сикрет. Масло на распламнатиот оган додаде нејзиното тогашно момче Зеин Малик, кој е инаку по потекло од Азија, но со своите невкусни коментари застана во одбрана на Џиџи, дополнително разлутувајќи ги Кинезите.

кинските модели кои ќе настапат на шоуто

За да го „компензира“ учеството на Џиџи во шоуто, „Викторија Сикрет“ одлучи да повика што повеќе азиски модели од вообичаената селекција да учествуваат на сцената на големиот настан. Така годинава на ревијата ќе настапат дури 6 Азијки – Лиу Вен, Суи Тој, Џу Џиаовен, Минг Кси и не толку познатите за американската и европска јавност Џин Џие и Естел Чен.

Инаку, очигледно е дека Викторија сикрет со овојголем настан организиран во Шангај сака да ја придобие кинеската публика. Минатиот февруари токму во Шангај модната марка ја отвори својата прва продавница во Азија, по неа следуваше втората отворена продавница во Ченгду, а до крајот на годината треба да се отвори и продавница во Пекинг. Токму поради плановите за експанзија во Кина, Викторија сикрет одлучи шоуто годинава да го одржи во Шангај. Целта на шоуто е маркетиншка- да се привлечат што повеќе купувачи на возраст од 20 до 30 години.

По турбуленциите околу имињата на моделите кои ќе настапат, за сега е потврдено учеството на Алесандра Амброзио, Андријана Лима, Елса Хоск, Џасмин Тукс, Џозефин Скривер, Лили Олдриџ, Лаис Рибиеро, Марта Хант, Роми Стријд, Сара Сампајо, Стела Максвел, Тејлор Хил и Кендис Свонепул. Годинава на модната писта нема да ја видиме ни Беати Принслу, која во септември ја најави втората бременост. Повторно е потврдено присуството на Џиџи Хадид, но и на сестра и Бела Хадид. Се уште се непознати и пејачите кои ќе настапат на шоуто.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...