Ако размислувате за гала фустан, размислувајте – проѕирно.
На забавата на која се прославуваше 95-годишнината од Вог Париз, добар дел од моделите пристигнаа во проѕирни фустани најавувајќи го новиот тренд на црвениот тепих.
Моделот Лена Перминова носеше креација на Франческо Сконамиљо.
Фустан од Сконамиљо, само во црна верзија, носеше и рускиот модел Наташа Поли.
Популарниот Сконамиљо ја дотера и Магдалена Фраковијак. Препознатлив е веќе неговиот стил – нозете се гледаат.
Барбара Палвин носеше фустан кој потсетува на венчаница.
Бела Хадид во проѕирнен миди црн фустан. Еве ја модерната варијанта на „малиот црн фустан“.
Елегантен проѕирен фустан со нагласен струк облече Коко Роша.