Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? Средна должина на косата, во стотина варијанти.
И Џенифер Лопез го прифати овој тренд, а го промовираше на својата Инстаграм страница постирајќи фотографија на која нејзината коса е средена во средна должина, со кадрици. „Вистинската должина за мене“, напиша ѕвездата во постот.
Меѓу ѕвездите кои го следат овој тренд, со боб фризура во средна должина, неодамна ги видовме и Кејти Холмс, Грета Феро, Карли Клос, Џесика Честејн…
Кејти Холмс со ваква фризура блесна во нејзиниот нов филм The Secret – Dare to Dream.
Фризури со средна должина на косата видовме и на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција. Меѓу нив и популарната Грета Феро.
Предноста на оваа фризура е што е погодна за сите типови на коса и без разлика на квалитетот и густината на влакното.
Затоа, пробајте! Бидете во тренд со ѕвездите.