Откако потпиша договор за главен лик во модната кампања „Матиријал грл“ на Мадона, на Рита Ора и скокна и популарноста.
Кариера на Рита вртоглаво тргна во нагорна насока и стана златна годинава кога култната марка Пучи креираше костими за нејзината прва турнеја. Следуваа договор по договор, за најспосле и Мадона да ја препознае својата наследничка во Рита Ора и да ја посака за главен лик во модната кампања која ја подготвува.
Рита Ора за половина година го урна рекордот на освоени насловни страници на списанијата низ светот.
Најновата фотосесија е реализирана за списанието Интервју, а зад објективот е Дејмон Бејкер.