Сите спобудале по претставничката на Косово, Македонката „плива“ меѓу последните (ФОТО)

Мисицата од Косово Антигона Сејдиу има најголеми шанси за победа на изборот на Мис на светот кој се одржува во Индонезија. Девојката едноставно ги маѓепса сите со својата убавина. На дното на сите листи е македонската претставничка.

antigona 222

Според атмосферата во Индонезија каде е во тек изборот на Мис на светот, но и според обложувалниците една од фаворитките е убавицата Антигона Сејдиу која го претставува Косово.

antigona 1

Според обложувалниците од поранешните –ју простори Антигона е убедливо на првото место, а според светските обложувалници таа е на високото седмо место.

antigona 3

Од поранешните ју-простори добро котираат и Лана Гржетиќ од Хрватска и Словенката Маја Цотиќ.

Претставничката на Србија Александра Докниќ, како и претставничката на Црна Гора Ивана Милојко не успеваат да го привлечат вниманието, додека Македонката Кристина Спасеновска е на самото дно на сите листи.

Финалето ќе се одржи во Џакарта на 28 септември.

 

x

Check Also

Македонската убавица Елена Анѓеловска – втора на Мис Глоуб

Македонската мисица Елена Анѓеловска беше избрана за втора придружничка на изборот „Мис ...