Сите здравствени предности на младиот кромид

Алтренативната медицина младиот кромид го смета за исклучително здрава намирница која делува на телото и одвнатре и од надвор. Помага при настинки, го симнува високиот крвен притисок, ама има и позотивно делување против стрес и замор. Во продолжение прочитајте кои здравствени проблеми младиот кромид ги решава за час.

Воспаление на грлото

Исечкајте го зелениот дел од младиот кромид, додадете малку изрендан ѓумбир и малку сол, и се тоа заедно ставете го во платнена ќесичка или крпа, па загрејте ја. Врелата ќесичка замотајте ја во уште една крпа и ставете ја на воспаленото место.

Натечени нозе

Зелениот дел од младиот кромид сварете го неколку минутки. Изблендајте го (ако треба додадете малку вода) додека смесата не се претвори во паста. Со таа паста намачкајте ги натечените нозе.

Затнат нос

Згмечете малку од зелениот дел на младиот кромид, и со сокот кој ќе го испушти натопете памукче. Памукот ставете го на нос во пределот на синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе го отзатне носот и дишните патишта.

 

x

Check Also

Суперхрана која треба да ја јадете и супер коктели кои треба да ги пиете

Колку пати сте си дале ветување дека ќе се „фрлите“ на здрав ...