Сицилија – Што да видите, како максимум да уживате

Славна по гастронимијата, прочуена по колоритноста на малите градови и селца, преубавите песочни плажи и чистото море, Сицилија е идеална дестинација за активен годишен одмор. А доколку сте од оние среќниците кои одморот ќе го поминат таму, еве 12 нешта што вреди да ги направите.

1.Разбудете се како вистински Сицилијанец со појадок кој вклучува бриош со гранита.

2.Поминете барем еден цел ден уживајќи во долчевитата на прекрасната Таормина.

3.Дозволете си го најслаткото задоволство – колачето Каноло Сичилијано

4.Нарачајте кафе во Бар Вители во селото Савока кадешто Вито Корлеоне од филмот „Кум“ тоа го правеше.

5.Посетете го барокниот плоштад во Палермо познат како Кватро канти.

6.Посетете го малото гратче Чефалу, едно од најживописните во Италија

7.Уплатете Марсала тура и дегустирајте вино.

8.Гледајте претстава онаму каде што театарот е роден – амфитеатарот во Сиракуза.

9. Искачете ги најколоритните скалила во светот Санта Марија дел Монте и посетете ги локалните продавнички за керамика.

10.Пробајте го сладоледот во Кафе Сичилија од Корадо Асенѕа во Ното

11.Пробајте капоната – најпопуларни се со модар патлиџан.

12.Изедете барем едно аранчино во Палермо.

 

x

Check Also

Infinity London – најубавиот (и најголем) базен на кров

Новото чудо на архитектурата е резервирано за Лондон, а станува збор за ...